Составот на РБ Лајпциг е последниот патник во полуфиналето во Купот на Германија откако вечерва пред своите гледачи го совлада Волфзбург со 1-0. Ова беше дуел во кој се водеше борба за секоја топка на теренот, а решавачки се покажа пеналот кој „биковите“ го добија во второто полувреме. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше репрезентативецот на Словенија, Шешко во 69 минута. ⚽️ GOAL: Sesko 🇩🇪 RB Leipzig 1-0 Wolfsburg ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен на доминантен начин се пласираа во полуфиналето на Националниот куп на Франција откако вечерва во последното четвртфинале славеа на гостувањето кај нисколигашот Стад Бриошан со убедливи 0-7. Водство од 0-1 за гостите донесе Жоао Невеш во 16. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 со голот на Рамош во 36. минута. На 0-3 зголеми истиот фудбалер од пенал во 48. минута, додека 0-4 беше со голот на Доуе во 55. ...