„Бидете сигурни дека ќе бидат активирани сите европски механизми, така што ќе може да се заврши оваа анти-бугарска омраза и хистерија”. Ова во вторникот го изјави бугарскиот претседател Румен Радев како реакција на инцидентот што се случи во Охрид во кој беше истепан секретарот на бугарскиот културен центар „Цар Борис“ Кристијан Пендиков. Официјална Софија со нетрпение го чекаше новиот ден за да ни се закани со ново спуштање на рампата и со ...

Постои бугарска „црна листа“ на која се наоѓаат имиња и презимиња од Македонија. Новинари, професори, политичари од Македонија, за кои Бугарија смета дека работат против бугарските интереси, нема да можат да стапнат на бугарска територија, вели политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во разговор за „Плусинфо“ според кој ние допрва ќе се соочиме со бугарската суровост. Вазалската политика на нашите неспособни политичари си го зема данокот. ...