Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ...

Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Температура од 1 степен е забележана на Скопје-Зајчев Рид, како и во Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес. Во Крушево, Штип и Кавадарци утринската температура се искачи ...