Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите ...
На некои места, велигденските прослави траат три дена. Тоа значи дека славењето и веселењето продолжуваат и во вторник. Ова е период кога се собираат роднините од далечните краеви и ги обновуваат одамна склопените пријателства. Во некои краеви, трет ден Велигден е познат и како Свет вторник, а зад него се кријат многу обичаи и верувања. За време на Водената седмица, односно првата недела по Велигден, се и Водениот вторник и Водената сабота. ...