Фудбалерите на Баерн Минхен потешко од очекуваното се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако со гол во последната минута од судиското надополнување израмнија против Селтик (1-1) и со победата на гости во Глазгов го елиминираа шкотскиот шампион. Двете екипи на еден начин си го поделија првото полувреме, ако се земат во предвид шансите пред двата гола. Подобар на стартот беше гостинот од Шкотска. Првата голема шанса пристигна ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов со неговиот клуб Јагиелонија дојдоа до пласман во осминафиналето од Конференциската лига, откако и вторпат со ист резултат го победија српскиот претставник ТСЦ Бачка Топол со 3-1. Нашиот интернационалец во игра влезе во 71-вата минута, кога резултатот беше 2-1. После Борац Бања Лука, уште еден клуб од поранешна Југославија направи голем успех. Словенечки Цеље со победа од 0-2 на гости кај кипарски ...