Директорот на ФЗОМ: Проблемот со недостигот на лекови на Онкологија ќе се надмине неделава Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информира дека се очекува во текот на оваа недела да се надмине недостигот на два клучни лека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Тој нагласи дека останатите лекови ќе бидат набавени во рамки на соодветни постапки и ќе бидат достапни во најкраток можен рок. ...
Двата биолошки лека што недостигаат на Онкологија пациентите ќе ги добијат неделава преку донации. Другите четири ќе се набават преку измени на анекс на договорите со производителот – надлежните најдоа краткорочно решение на моменталната криза. „Некои од пациентите се покриени со терапија според медицината базирана на докази, кај некои оваа терапија е само дополнение па постоечката. Повеќето од пациентите не се оставени без терапија“, изјави д-р ...
Црвениот аларм од пациенти болни од канцер, дека нема биолошка терапија на клиниката за онкологија итно ги седна на иста маса владините претставници, раководството на ФЗОМ и на клиниката. Со анекс договори за потребната биолошка терапија и два други лекови од терпијата кои ќе бидат донација од страна на производителот ќе се решава кризата на онкологија. Недостатокот на лекови е само продлжение на хаосот на онкологија кој што владее години ...