Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“ поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица. На овој прв турнир учествуваа вкупно 24 екипи од целата држава. Најдобри резултати на турнирот постигна и првото место го освои екипата на Алопласт-Васил од Јосифово, второто екипата на Термооранжерии од Банско, третото место го освои екипата на Freight one од Радовиш и четвртото екипата на Екликт. ...

Екипата на Алопласт – Васил од Јосифово Валандовско победи на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски“ кој се одржа во Куклиш. Тие во финалето славеа против Термооранжерии од Банско со 3:1 додека во малото финале славеше екипата Фрајт Уан од Радовиш кои со 9:3 славеа против Електик За најдобар играч на Меморијалниот турнир беше прогласен Марјан Ристовски, за најдобар голман Ивица Божиновски и за најдобар стрелец Тони Мичковски. На ...