На 25 октомври, со почеток од 11 часот, во хотелот Арка ќе се одржи промоцијата на публикација со резултатите од истражувањето на клучните стратегии и наративи на македонските антиродови движења насловено „Кој се плаши од родот?“, во авторство на Ирена Цветковиќ и Мања Величковска. По промоцијата ќе следува панел-дискусија, каде авторките заедно со: пратеничката Санела Шкриељ (Парламент на РС Македонија), Андријана Папиќ Манчевска (претставничка ...

Во мај годинава, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) објави дека најмладата пациентка која абортирала има 13 години. Но информацијата не поттикна жестока дискусија во јавноста, иако претходно, групи и здруженија на граѓани јавно го искажуваа својот револт против воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата, механизам со кој преку едукација би се намалил процентот на малолетничка бременост. Токму овој ...