На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судијата Ивица Стефановски го испрашуваше четвртообвинетиот Влатко Кешишев. – Настанот со Панче Жежовски беше на 22.11.2023? – праша судијата. – Датуми не помнам, но да – одговори Кешишев. – Еден ден пред настанот вие бевте кај Веливор Манев? – праша судијата. – Да – одговори Кешишев. – Тоа што го гледавме на снимките беше од вечерта пред убиството на Панче? – рече судијата. – ...
Денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, каде обвинетиот Влатко Кешишев одговара на прашања од судијата Ивица Стефановски. Кешишев сведочеше за својата улога во партијата „Десна“, но и за настаните во кои се обвинети. Како што истакна, тој бил домар во партијата и редовно престојувал таму. Секојдневно готвел храна за себе и Љупчо Палевски Палчо, додека за гостите и симпатизерите правел кафе и сок. На прашањето ...