Цените за транспорт на нафта со супертанкер драстично се зголемија откако САД воведоа нови санкции за рускиот нафтен сектор, предупредија трговците и посредниците во транспортниот сектор. Американскиот Стејт департмент минатиот петок објави дека вовел санкции за руските нафтени компании Гаспром Нефт и Сургутнефтегаз и 183 бродови кои превезувале руска нафта, како и трговци, осигурители и транспортери на руска нафта. -САД преземаат широки мерки ...

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди дека најновите американски санкции кон Русија би можеле значително да ги комплицираат нејзините синџири за снабдување со нафта, потенцијално затегнувајќи го глобалниот пазар. И покрај санкциите, ИЕА предвидува суфицит на пазарот на нафта во 2025 година, бидејќи се очекува растот на производството во земјите кои не се членки на ОПЕК + да го надмине умерениот раст на глобалната побарувачка. ...