По денешниот инцидент на натпреварот Победа – Шкендија (А) во рамките на 10. коло во ВМФЛ, вечерва се огласија и од прилепскиот второлигаш. „Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата. Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување ...

Победата на Шкендија Арачиново во Прилеп мина во сенка на тоа што се случи по последниот судиски свиреж, односно метежот и инцидентот кој настан меѓу домашните навивачи и гостинските фудбалери. Видеото кое беше објавено во јавноста ни откри како еден фан на Победа се обидел насилно да влезе во соблекувалната на Шкендија Арачиново, но претходно, на теренот имало и голем хаос поради кој морало да интервенира обезбедувањето, но и полицијата. ...