Нови руски напади врз киев со беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили соопштија дека викендов откриле околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град. Според првите информации загинале најмалку три лица, а десетици се повредени. Нападите се случуваат при размена на затвореници, а последната фаза е планирана за денеска. Вчера биле разменети 307 руски воени заробеници за исто толку украински војници, ...
Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко потврди дека во голем руски напад со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта загинале 12 лица, а повредени се уште 60. Одделни бројки објавени од регионалните власти и спасувачките служби покажуваат дека бројот на жртви е 13. „Ова е комбиниран, безмилосен напад насочен кон цивили. Непријателот уште еднаш покажа дека неговата цел е страв и смрт“, напиша Клименко на Телеграм. Нападите ...