Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално почнува на 15 октомври, информира Владата. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да почне и порано – конкретно, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. -Во ...
Топлинската мрежа, со која управува АД ЕСМ на територијата на градот Скопје, датира од средината на шеесеттите години од минатиот век. Доцнењето на инвестициите во оваа застарена инфраструктура во изминатите години, претставува значителен ризик за целокупниот систем за снабдување со топлинска енергија. За да се одговори на овие предизвици и да се обезбеди стабилно, долгорочно решение, програмата на Владата вклучува сеопфатни планови за развој, ...