Скопскиот аеродром во февруари 2025 година опслужил 177.994 патници, што претставува благо зголемување од 0,3% во споредба со истиот месец минатата година. И покрај позитивниот тренд во февруари, бројот на движења на авиони бележи пад од 3,8%. Сепак, кумулативно за првите два месеци од годината, аеродромот забележал вкупно 386.622 патници, што е за 5,1% помалку во однос на истиот период во 2024 година – односно 20.728 патници помалку. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно ...