Шесте новоизбрани советници во Град Скопје од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за новиот состав . Не биле дојазнични. Носителот на советничката листа Авдуљ-Селам Селами за Телевизија 24 вели дека прекршен е Законот за употреба на јазиците. Авдуљ-Селам Селами, советник во Град Скопје од ДУИ: Ние не бараме ништо друго, бараме само да се почитува законот. Уверенијата беа еднојазични значи не е почитуван законот и бараме од ДИК да ги смените ...

Добивај вести на Viber Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик. Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на ...