Ќе стигне ли истрагата до полицајците кои ноќта биле во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но и до дел од нивните претпоставени? Неофицијално, извори од истрагата за ТВ 24 велат дека се истражуваат нивните активности и мапата по која се движеле вечерта, и доколку се соберат докази кои укажуваат на било каква инволвираност , ќе има кривична пријава. Официјално, на прашањето дали би имало проширување на истрагата, одговор нема, од Обвинителството само ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли обвинувањата на опозицијата за селективна истрага за трагедијата во Кочани и рече дека воопшто не се меша во работата на обвинителството. Исто како и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тој рече дека „ќе има и такви политички структури кои на лешинарски начин ќе се обидат на трагедијата на овие луѓе да соберат некакви политички поени“. „Јас не се мешам во истрагата ниту, пак, сум се ...