Најтрофејниот македонски клуб Вардар сака да продолжи со позитивни резултати и на денешното гостување кај Брера во Струмица. По триумфот над Пелистер во Битола, Црвено-црните се надеваат дека ќе продолжат со успеси и дека ќе направат уште еден чекор напред кон опстанокот. Од друга страна, Брера е во лоша позиција, најзагрозена на табелата заедно со Беса и за струмичкиот тим исто така нема друг избор освен да атакуваат на трите бода. Лидерот ...
Со денешните пет натпревари комплетирано е 26 .коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостински победи остварија Вардар, Шкендија и Силекс, а единствена домашна екипа со три бода е Беса. Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ: АП Брера – Вардар 0:2 Беса – Гостивар 2:1 Шкупи – Работнички 0:0 Тиквеш – Шкендија 0:1 Воска – Силекс 1:2. Вчера, Струга – Пелистер 4:1. Табела: Шкендија 56 бода, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, ...
Шкендија победи со 1-0 во Кавадарци против Тиквеш, а лидерот на прволигашката табела голот го постигна откако остана со човек помалку на терен. Силекс се задржа на втора позиција благодарение на победата над Воска спорт од 2-1 со голови во 85-та и 92-ра минута. Победничкиот гол на Донов беше вистинска бомба која беше неодбранлива за домашниот голман. Немаше голови на скопската битка Шкупи – Работнички, а Вардар со голови на Закариќ и Спахиу ...