„Некоја омраза едноставно не е предмет на преговори“. Вака му одговорил осомничениот за убиството на Чарли Кирк на корисник на социјалната мрежа Дискорд каде што, според истрагата на ФБИ, осомничениот меѓу редови го признал убиството. Сепак, пораката не може да се смета за формално признание. – Пронајдена е размена на текстуални пораки во кои осомничениот Робинсон конкретно наведува дека имал можност да се „ослободи“ од Чарли Кирк и дека имал ...

Робинсон е обвинет по седум точки: тешко убиство, кривично дело пукање со огнено оружје, попречување на правдата преку преместување на оружјето, попречување на правдата преку уништување на облека, влијание врз сведок – барање од цимерот да избрише пораки, влијание врз сведок – наредба на цимерот да молчи, и извршување насилно кривично дело во присуство на дете. Окружниот обвинител Џеф Греј соопшти дека неговата канцеларија планира да побара ...