Хрватската фудбалска репрезентација покажува дека уште е во светскиот крем, и тоа најмногу благодарение на ветераните. Лука Модриќ храбро ја носи капитенската лента и на 39 години и го одигра целиот меч против Франција, а на крајот Коцкестите победија со 2:0. На крајот, билансот на Модриќ е шест пресечени топки, два успешни старта, две исчистени ситуации во дефанзива, шест освоени топки, два успешни дриблинзи од три обиди и шест освоени дуела. ...
Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Франција со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на нации. Избраниците на Златко Далиќ одиграа брилијантно, особено во првото полувреме, надигрувајќи го актуелниот светски вицешампион, а победничките голови ги постигнаа Анте Будимир и Иван Перишиќ, кои асистираше и при првиот гол. Реваншот е в недела од 20 часот и 45 минути во Париз. Францускиот медиум „Монд“ во својата репортажа за ...