Со вечерашните три натпревари во Истанбул, Атина и во Барселона и официјално е спуштена завесата во лигашкиот дел од елитното европско натпреварување. По суперинтересните 34 рунди, пред нас сега се возбудувања во плејинот, потоа и во плејофот, што ќе кулминираат со фајналфор турнирот што годинава за првпат ќе се одржи во Дубаи. Во плејин натпреварувањето, Реал Мадрид како седмопласиран ќе го пречека Париз, додека Баерн во Минхен ќе биде домаќин ...

Со победите на домашен терен против Виртус Болоња и Жалгирис Каунас во последното 34. коло од Евролигата, кошаркарите на Барселона и Анадолу Ефес обезбедија директен пласман во плејофот, додека Реал Мадрид ќе мора да го бара своето место во „постсезоната“. Барселонот потешко од очекуваното го совлада Виртус со 91:87 дури во самата завршница од дуелот. Кевин Пантер ја предводеше Барселона со 20 поени, а Торнике Шенгелија беше најефикасен кај ...