Составот на Вардар 1961 оствари рутинска победа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш (30:25) во средбата од 4. коло во Суперлигата. Тиквеш знае да биде незгоден ривал, но „црвено-црните“ овојпат немаа никакви проблеми и го положија последниот испит пред престојното дерби со Еурофарм Пелистер закажано за 1 октомври во Скопје. Избраниците на Чупиќ одиграа цврсто во одбраната во првиот дел, примија само 8 гола и притоа дадоа 14, па таа позитива ...

Ракометарите на Вардар со триумф од 25-30 се враќаат од гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. „Црвено-црните“ апсолутно ја оправдаа фаворитската улога од овој натпревар, и на крајот можеа да слават и поубедливо, да не беше опуштањето во последните моменти, кога имаат позитива и од +7 голови. Тиквеш добро го почна мечот, имаше или негатива од еден гол или нерешено, а во еден миг во 12. минута и се стекна со водство од 5-4. Сепак, тоа беше првата и ...