ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на мандати, според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, е 18, што е тројно повеќе од второпласираната Левица во советот која пак има 6 мандати. Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно 27.479 гласа. Зад нив е коалицијата Влен со 11,77 отсто од гласовите, ...
Државната изборна комисија до утрово има пребројано 100 проценти од гласовите за избор на градоначалник на Град Скопје. Според резултатите во вториот круг одат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 91.582 гласа и Амар Мециновиќ од Левица со освоени 30.659 гласови. Трет е Башким Бакиу од ВЛЕН со 27.864 гласа, додека Каја Шукова од СДСМ е на четвртото место со освоени 26.714 гласа. Што се однесува до мандатите во советот нив најмногу ги ...