Демократската унија за интеграција на Али Ахмети е обвинета дека шири коцкарски бизнис со пари од буџетот што го полнат граѓаните. На својата денешна прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски зборува за новиот огромен скандал со Лотарија на Македонија во кој се инволвирани лидерот на ДУИ Ахмети и вицепремиерот Артан Груби. ,,Огромен скандал ја тресе државата, а институциите спијат, полицијата, обвинителството, судот спијат, ...

Почитувани, нов огромен скандал со Лотарија, Ахмети и Груби ја тресе државата, а институциите спијат, полицијата, обвинителството, судот спијат, за да не падне владата! Државна Лотарија на ДУИ изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Уште еднаш, 21.000 евра месечно, 10 години! Во превод 252.000 годишно, вкупно 2.520.000. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион ...