Ракометната репрезентација знае како да ја израдува Македонија. И овој јануари, ракометарите покажаа сплотеност, борбеност, големо срце и неверојатна желба за победа. На таков начин на стартот ја изненадија Унгарија, освоија бод, иако имаа и победа в раце, а потоа нанижаа победи против Гвинеја и против Катар. Селекторот Кире Лазаров изгради една нова победничка Македонија, која игра модерен ракомет, брзо, разновидно, има свои адути на неколку ...
Нашите ракометари имаат право на задоволство. Зад нив е одличен настап на Светското првенство, Македонија ќе заврши на 15-место. И не само рангирање, туку во преден план е играта која ја видовме во Вараждин Арена на сите шест меча, вклучувајќи го и мечот против Франција. Ракометарите покажаа борбеност, одлучност и карактер, во ниту еден момент не потклекнаа, лавовски одиграа за Македонија. Томи Јагуриновски вели дека сите се трудеа од ...