Шпанска Џирона посакува да ги избегне проблемите во Ла Лига од минатата сезона, па раководството и тренерот Мичел мора да обезбедат неколку нови имиња во тимот. Нов соиграч на нашиот репрезентативец Бојан Миовски ќе му биде искусниот Аксел Витсел, фудбалерот кој последната сезона го носеше дресот на Атлетико Мадрид. Белгиецот доаѓа како слободен агент, бидејќи летово му истече договорот со Атлетико и ќе биде сериозно засилување во средниот ред ...

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид го ангажираше италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори (25). Поранешниот член на италијанскиот шампион Наполи потпиша петгодишен договор со Атлетико, а вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра. Распадори ја започна својата сениорска кариера во Сасуоло, за кој постигна 18 гола на 82 натпревари. Во 2022 година, тој се пресели во Наполи и постигна 18 гола на 109 настапи за тој клуб. ...