Поплавени улици, паркинзи, подруми, многу откорнати дрвја, паднати билборди и луѓе заглавени во своите автомобили остави зад себе невремето кое го зафати главниот град. Градоначалничката Арсова свика итен кризен штаб. Екипите на ЦУК се на терен, засега нема информации за настанатите штети. Хаос во Скопје предизвика невремето кое го зафати градот и околината во попладневните часови. Поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, многу искршени дрвја ...

Обилниот дожд ги претвори улиците и булеварите во Скопје во мали реки и езера. Вода насекаде, обилниот дожд проследен со силен ветер и град ги претвори улиците и булеварите вчера во Скопје во мали реки и езера. Под подвозникот кај хотел „Континентал“ беа заглавени се четири автомобили, со патници меѓу кои и деца, а поплавена е улицата и кај подвозникот на Бит-пазар, при што заглавени беа неколку автомобили и едно кобе, со вкупно петнаесеттина ...