„360 степени“ пред две години објави дека на терен има многу повеќе градби, отколку што Општина Чаир издала одобренија. Објавивме и дека во Општината се архивирале барања за легализација уште пред дивоградбите да почнат да се градат. Дополнително, никој не проверувал на терен – што всушност се легализира Ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пак, годинава во јавноста излезе со факсимили од документи кои требаше да укажат на тоа дека ...
Проблематичните легализации во Чаир се обработуваат низ два предмета – едниот, по допрен глас, во Основното јавно обвинителство Скопје, а другиот, по пријава на поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 кажа дека двата предмета се меѓусебно поврзани и дека најверојатно ќе се спојат. Вели и дека има ...

