„На денешната 46. владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите вас, да ја зајакнеме нашата економија и да ја подобриме транспарентноста“. Вака изјави портпаролката на Владата Марија Митева, образложувајќи ги одлуките, меѓу кои и усвојувањето на двата договори со кои станува оперативен унгарскиот кредит од 250 милиони евра наменет за фирмите. Во продолжение следи соопштението на ...
Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки за годинава до најмногу 40% од бројот на објавените постапки. На сите органи на државната им се препорача да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки. Владата денеска го утврди и го достави до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти ...