Според него, согласно податоците за нерегуларности добиени од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во Општина Сарај, импровизиран штаб во близина на училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар, а забележани се и случаи на семејно и колективно гласање за кои истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи Изборниот процес помина генерално мирно во фер и демократска атмосфера со низа ...

Министерството за внатрешни работи, попладнево одржа прес конференција на која свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев. - Најпрво со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден помина во демократска и безбедна атмосфера, онака како што доликува на една демократска европска земја, истакна министерот Тошковски. Тој изрази благодарност до полициските ...