Тошковски: Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера

Министерството за внатрешни работи, попладнево одржа прес конференција на која свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев. 

- Најпрво со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден помина во демократска и безбедна атмосфера, онака како што доликува на една демократска европска земја, истакна министерот Тошковски. 

Тој изрази благодарност до полициските службеници кои со својата професионалност придонеле за безбедноста на изборните места и професионално постапиле при нарушување на регуларноста на изборниот процес.

Тошковски им честита на граѓаните кои ја исполнија граѓанската должност и уште еднаш изрази благодарност до сите чинители кои придонеле за мирни, успешни и безбедни избори на кои граѓаните кои граѓаните имале можност да гласаат.