Јани Атанасов официјално се врати во Краковија, и ќе се бори за место во овој тим откако му истече позајмицата со Пушча Ниеполомице. Македонскиот репрезентативец беше позајмен на овој клуб од јануари до крајот на сезоната, а сега е вклучен во тимот од Краков за тренинг кампот во Варка. Атанасов ќе има можност да се наметне кај стручниот штаб, а не е исклучена и нова позајмица доколку нема загарантирана минутажа. Тој се најде на списокот на ...

Македонскиот репрезентативец, Јани Атанасов и официјално се врати во Краковија. Откако му заврши шестмесечната позајмица во тимот на Пушча, Македонецот сега одново е член на Краковија со која тргна на подготивките и ќе се обиде во наредниот период да се избори за својот првотимски статус. Секако дека не е исклучена нова позајмица, но барем засега, тој ќе биде со тимот на Краковија и ќе се подготвува за следната сезона во шампионатот на Полска. ...