-Приказната за бабата завиткана во тепих не ја измислив јас, и како вели Маркес, постојат приказни кои им припаѓаат на сите народи и за кои сите веруваат дека токму ним им се случиле, рече режисерот Дарко Митревски во видеопораката емитувана синоќа на проекцијата на филмот „Балканкан“ со која се одбележа големиот јубилеј – 20 години од премиерата на оваа култна македонска црна комедија. На настанот и проекцијата, одржани на „Руфтоп опен ер ...
На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров и Бранко Огњановски, сценографот на филмот Бујар Муча, костимографката Жаклина Крстевска, менаџерот на локации Роберт Јазаџиски и Зоран Ристески, продукциски менаџер, како и пријатели на филмот, и многу јавни личности од македонската сцена. Режисерот Митревски, кој веќе 18 години живее и работи ...