Екипата на Битигхајм во која брани македонскиот голман Мартин Томовски по девет одиграни кола го доживеа првиот пораз во 2. Бундеслига на Германија. Битигхајм гостуваше кај Хутенберг, од кого загуби со резултат 22-27. На овој меч свој ден немаше Мартин Томовски, кој на претходните дуели беше со двоцифрен број интервенции, па неговиот тим не успеа без неговата голема помош да триумфира. Мартин Томовски забележа само три одбрани на овој меч. ...

Битигхајм на Мартин Томовски го претрпе првиот сезонски пораз во втората германска лига и тоа на гостувањето кај Хутенберг. Домаќините беа мотивирани, го надиграа противникот и заслужено запишаа победа од 27:22. Во првото полувреме Хутенберг се избори за предност од 12:9, предност која беше надградена во вторите 30 минути. Македонскиот репрезентативец Томовски имаше скромен настап и забележа само 3 одбрани што е далеку од неговиот просек. Во ...