Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски регистарски таблички удрил во пешак. Како што информира Министерството за внатрешни работи, мотоциклот го управувал 22-годишниот М.О. од Скопје, а при несреќата животот го загубил 72-годишниот пешак К.Г., исто така од Скопје. Смртта на местото на настанот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. ...

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 19.30 часот кога во полиција било пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни ...

Возачот на мотоциклот со кој го усмрти скопјанецот Југослав Николовски избегал, а полицијата уште го нема најдено. Николовски излегол од домот за да фрли отпад до контејнерите кај Министерство за земјоделие, а возачот со голема брзина го прегазил и усмртил буквално под прозорот на зградата во која живеел. „Во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, ...