Лесно и убедливо, онака како што впрочем и покажува состојбата и местата на табелата во ПМФЛ шампионатот во моментов, тимот на Струга Трим Лум денеска во претпоследниот дуел од ова коло го совлада на гостински терен во Скопје, тимот на Работнички со 1:3. Содржаен дуел со четири гола, и многу шанси. Четири пати гостите ја погодија рамката на домашниот гол па може слободно да се каже дека нивниот триумф можеби требаше да биде и со поголема ...

Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Работнички на гостувањето во Скопје со 3-1 во завршниот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До својата четврта победа во низа, а вкупно 11 оваа сезона, Струга дојде со головите на Јевтоски (11 минута), Малески (21) и Шабани (70, пенал), додека почесниот гол за Работнички го постигна Трајков (54). Со денешниот триумф Струга со задржа чекорот со лидерот Вардар, заостанувајќи ...