Брука, бламажа за сите пари. Ете тоа вечерва среде Белград им се случи на Партизан и Жељко Обрадовиќ во меч од Евролигата против Ефес. Резултатот 65-97 делува нереално, поразот дома со 32 поени делува нереално, ама вистина е. Што ли му се случи на Партизан вечерва, тоа ретко кој може да го објасни. Во првата четвртина беше 18:24, во втората дури 15:30 и по ова стана јасно што го чека тимот на Обрадовиќ. Навивачите на Партизан беа во шок, просто ...

Шансите на Партизан за пласман во разигрувањето во Евролигата дополнително се намалија откако белградските „црно-бели“ вечерва загубија уште еден меч на домашен терен, овојпат од Анадолу Ефес со преубедливи 65-97. Ниту еден противник во последните години го нема надиграно Партизан во преполната белградска „Арена“ како што тоа вечерва го сторија кошаркарите на Ефес. Турскиот тим доминираше од почеток до крај, стигна до двоцифрена предност што ја ...