Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање, предупредувајќи дека тие овозможуваат реализација на одредени проекти само со урбанистички проект, без да се помине низ постапката за урбанистички план. Од „Охрид СОС“ велат дека станува збор за директен удар врз урбанистичкото планирање, бидејќи одлуките ќе се носат само со потпис на градоначалник или на министер, без можност граѓаните да ...
„Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки. ад овој концепт се крие легализирана ...