Проширен обвинителски тим од 15 обвинители ќе го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени, изјави денеска државниот обвинител Коцевски. Коцевски најави дека во декември ќе има и обвинение за полициските службеници за кои истрага води Обвинителството за организиран криминал. Судењето против 34 обвинети и три фирми започнува на 19 ноември, во судницата во Идризово. Таму утре ќе ...
Истрагата за полициските службеници во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да заврши до крајот на септември, е продолжена поради потреба од сослушување на дополнителни сведоци. Државниот обвинител Љупчо Коцевски вели дека најверојатно на почетокот на наредниот месец обвинението ќе биде готово. За трагедијата во Кочани има уште една предистражна постапка која ја води Обвинителството во Кочани против вработени во УЈП. ...
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска најави дека во предметот за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ ангажирани ќе бидат 15 јавни обвинители, за како што кажа тој, да не доаѓа до одложување на рочиштата по вина на Обвинителството. „Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи ...
Во судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој почнува следната недела како што денеска кажа државниот обвинител Љупчо Коцевски, ќе бидат ангажирани доволно обвинители, односно дека ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот. „Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, ...

