Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 ...

Повторно раст на месечните трошоци. Синдикатот измери, во февруари се зголемиле за над 500 денари. Според, анализата на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот и да ги покрие само основните потреби му се потреби над 63 илјади денари. Со вклучување на кирија за стан пак достигнуваат и до 80 илјади денари. Најголем дел од парите во месецот одат за храна, повеќе од една минимална плата, за која синдикатот уште пред изборите лани води ...