Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 ѝ гостува на Белгија во Гент во многу важен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот кој се играше во Скопје заврши 1-1, Македонија тогаш се покажа во одлично светло против фаворизираната Белгија, а очекуваме така да биде и утре. „Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на „Планет Груп“ арената во Гент ќе го одржи последниот тренинг пред одигрувањето на квалификацискиот дуел против селекцијата на Белгија кој е на програмата утре со почеток во 20 :45 часот. Македонската репрезентација е лидер на табелата во квалификациската група со бод повеќе од Белгија против која на првиот натпревар во Скопје одигра нерешено 1-1. „Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам ...

