Искусниот, 30. годишен ракометар Кристијан Пилиповиќ е нов член на македонскиот суперлигаш, ГРК Охрид. Откако минал осум години во тимот на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија, 192 сантиметри високиот ракометар пристигнува во Охрид, со обврска да остане минимум до крајот на актуелната сезона. Пилиповиќ бил дел и од Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од ...

Составот на ГРК Охрид без проблеми дојде до победа во пресметката со Куманово во Суперлигата. Домаќините беа доминантни на соочувањето во „Билјанини извори” и триумфираа со 37:17. Фаворитот уште во првото полувреме покажа сила и во овој период се стекна со двоцифрена предност (18:6). Истата продолжи да расте и по одморот за конечни на крајот плус 20. Голманот Ѓорѓески имаше двоцифрен број на интервенции, најефикасни беа Лиапис и Ѓукиќ со по ...

Попладнево во Охрид, во првиот меч од 9.коло во ракометната Суперлига, тимот на ГРК Охрид со 37:17 успеа и тоа како убедливо да го победи составот на Куманово. “Гладијаторите“ во целостја оправдаа улогата на фаворити и просто го прегазија гостинот со неверојатни +20 голови разлика. Ова беше шеста победа на ГРК Охрид сезонава, додека за кумановци ова беше осмиот пораз. Уште на почетокот се виде дека ГРК Охрид нема да има никакви проблеми на овој ...