Попладнево, на раскрсницата кај „Веро“ во Аеродром, на Булевар „Јане Сандански“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која, според очевидци, повредена е една жена. Во судирот учестувале „киа пиканто“ и „адуи А3“, при што автомобилот „киа пиканто“ се превртел. Жената од автомобилот со возило на „Брза помош“ била пренесена во болница. На местото на несреќата има „Брза помош“ и возило на Противпожарна заштита. Повеќе детели се очекуваат од МВР. ...
Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на возило марка „киа“, кое завршило превртено на покривот. Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром во непосредна близина на „Веро“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Фотографиите од местото сведочат за страотната несреќа, бидејќи, како што може да се види од нив, ...