Во продолжение интегрален текс од говорот на премиерот Христијан Мицкоски: -Почитувани граѓани, Почитувани претставници на Светска банка и меѓународните партнери, Почитувани членови на владата, пратеници, градоначалници, сите присутни, ќе ми простите ако некого не споменам. Со особена чест и задоволство, денес сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница- свеченото отворање на експресниот пат Крива Паланка- Длабочица- Страцин. Овој ...
Со особена чест и задоволство, денес сме тука за да ја одбележиме оваа значајна пресвртница- свеченото отворање на експресниот пат Крива Паланка- Длабочица- Страцин. Овој инфраструктурен проект, долг 25.55 километри, претставува не само несомнен градежен успех, туку и симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија. Проектот што денес го пуштаме во употреба е резултат на макотрпна работа, на силна посветеност и на постојана соработка ...
Би сакал исто така да се заблагодарам лично и на луѓето од Јавното претпријатие- Државни патишта, на луѓето коишто беа тука секојдневно заедно со директорот Коце Tрајановски којшто на дневна основа брифираше што се случува, испраќаше фотографии. Се асфалтираше и навечер, се поставуваше и траса и кога врнеше дожд и кога врнеше снег. И затоа и на тие луѓе би сакал едно огромно благодарам од мое име и од името на Владата за сето она што го ...