Општина Дојран со чистење и уредување на крајбрежјето побараа од Владата да го рестартира хидросистемот „Ѓавато“ но и да се обезбедат средства за санација на овој систем идната година. Барањето како што кажа градоначалникот Анго Ангов, произлегува од повлекување на водата од Дојранското езеро заради долгиот сушен период. Хидросистемот не работи веќе две години а попладнево се очекува тој повторно да биде ставен во функција од страна на ...
Дојранското Езеро повторно почна да добива свежа вода откако во саботата беше пуштен во функција хидросистемот „Ѓавато“. Бунарите од овој систем до пред три години вршеа дотур на вода во езерото, но поради големите сметки за струја, беа исклучени пумпите, со што постојано се намалуваше нивото на водата на езерото. Со тоа се промени целата крајбрежна слика и повторно нè врати на лошите спомени од еколошката катастрофа што му се случи на езерото ...
Дојранското Езеро ќе пие вода од хидросистемот „Ѓавато“. По тригодишна жега, се активираа пумпите од бунарите кои преку цевковод треба да испорачуваат вода. За почеток, во системот ќе влегуваат по 200 литри во секунда, но надлежните посочуваат дека тоа е премалку за да се изгасне жедта на езерото. Дупнатиот цевковод и дивите приклучоци ја голтаат водата што треба да го пои езерото, па во наредните денови ќе се анализира колку од водата што ...