На овие пеколни горештини седам дома по препорака на лекарите и на моменти си замислувам колку би било добро да сум на некој остров во некое од блиските мориња. А реалноста е дека јас сум моментално на остров, ама не на море, туку на т.н. „топлински остров“ во Скопје. Кратка дефиниција на поимот топлински острови: тоа се урбани делови во градот во кои температурата на воздухот е 1 до 5°C повисока од температурата во блиската (рурална) околина. ...
Градовите заземаат околу 0,5 проценти од површината на Земјата, но во нив живеат над 50 проценти од светското население. Во светот, особено во земјите во развој, постои тренд на миграција на населението од село во град, a Обединетите нации предвидуваат дека до 2050 година, 68 % од светската популација ќе живее во урбани средини, така што проблемите со топлински острови ќе се зголемуваат во иднина На овие пеколни горештини, седам дома по ...