Од денеска граѓаните ќе може да патуваат по експресниот пат од Страцин до Крива Паланка. Патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. Министер за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата ...

Официјално пуштен експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, во должина од 25 километри, дел од Коридорот 8. Инвестиција во износ од 93,7 милиони евра од кои 80 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13 милиони евра. Изградени три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини. Од Владата посочија дека сега патувањето на релација Страцин-Крива Паланка од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива ...

Официјално пуштен во употреба експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Патот долг 25 и пол километри кој содржи две сообраќајни ленти широки 3,5 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри вклучува и 3 мостови, 3 клучки, 9 натпатници, 13 вијадукти, 44 косини. Од Крива Паланка до Страцин, место половина час како досега, од денес се патува само десет минути, а од Куманово до Крива Паланка место еден час, се патува четириесет минути. Патувањето ...