Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски е автор на еден од најатрактивните голови на сезоната во Лигата на шампионите. Кузмановски беше најдобар играч на „зелено-белите“ во елитното натпреварување, а погодокот што го постигна против Динамо Букурешт во Битола се најде во Топ 10 на изборот на ЕХФ. Неговата „бомба“ се најде на десеттата позиција, додека број еден е мајсторијата на Јан Гури од Спортинг Лисабон во пресметката со Фуксе ...
Еден ден откако Европската ракометна федерација ги објави најатрактивните голови во сезоната во Лигата на шампионите, на ред дојдоа одбраните. Одново, издвоени се десет најдобри одбрани, а со оглед на конкуренцијата, изборот за најдобра сигурно беше многу тежок. Таа чест овој пат му припадна на голманот на ПСЖ, Емил Нилсен кој на средбата со Загреб имаше неверојатна двојна одбрана и тоа против големиот Тимур Дибиров. Најдобрите одбрани на ...