Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти денеска АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Излевањето на Маркова Река во општина Студеничани предизвика значителна материјална штета, но, според информациите од надлежните, нема опасност за безбедноста на жителите во овој крај. Неисчистената река излезе од своето речно корито, а најголемата штета беше направена на домот на 10-члено семејство од Батинци, чија куќа беше уништена. По ова излевање, се уште остануваат затворени некои патни правци. Локалниот пат меѓу селата Горно Лисиче и ...