Ракометарите на Вардар 1961 го потврдија статусот на фаворити и лесно се справија со Струга во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Суперлигата. „Црвено-црните“ ги надиграа стружани со 40:26 и дојдоа до 20. победа во шампионатот. Домаќините уште во првиот дел наметнаа темпо и на одмор заминаа со предност од 19:11, предност која ја надоградија во вторите 30 минути. Инаку Вардар овој меч го играше во спортска гарнитура со темна ...

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид со победа од 29:26 над ГРК Охрид го заврши регуларниот дел на Суперлигата и во плејофот пренесува два бода! Најдобар стрелец во екипата беше Мартин Серафимов со осум гола, пред Мартин Ивановски со шест гола. Следен натпревар за тимот е во Европскиот Куп на ЕХФ на 30 март, каде игра дуел за место во полуфиналето против романска РК Баја Маре. Натпреварот почнува од 19:00 часот. дс Фото: ...