Моето мото е „Пробиштип за сите“, нема поделби на луѓето, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов – Ладич во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77. – „Се кандидирам за трет мандат поради граѓаните, затоа што сум градоначалник на сите, нема поделба на наши и ваши, затоа и моето мото е „Пробиштип за сите“. Никогаш немало поделба, за мене секогаш било мотив решавање на проблемите, проблемите на ...

На дебатата со актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат, Драган Анастасов – Ладич од СДСМ, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја истакна потребата од враќање на економскиот развој како главен приоритет. „Пробиштип беше една од најразвиените општини во поранешна Југославија,“ истакна Тоневски, одговарајќи на прашањето како е можно градот денес да се соочува со толкава нефункционалност. ...